Македонија

Сурогат - мајчинството е чувствителна тема која бара внимателен пристап, има и спорни делови од законот, сметаат дел од универзитетските професори

Законот за сурогат - мајчинство е либерален, но спорен е во повеќе сегменти, смета универзитетскиот професор Дејан Мицковиќ, кој тврди дека потребни се измени.

16.05.2018 18:05:33
Законот за сурогат - мајчинство е либерален, но спорен е во повеќе сегменти, смета универзитетскиот професор Дејан Мицковиќ, кој тврди дека потребни се измени. Тој не се согласува со дискриминаторската одредба во законот според која правото на родителство добиено на овој начин се ограничува, па може да го ужива само брачна двојка. Во сите други ситуации во законот за биомедицински потпомогнато вештачко оплодување предвидено е и вонбрачни партнери да бидат корисници, па дури и само жена, а кај сурогат – мајчинството се бара брачен пар.

Сурогат-мајчинството е чувствителна тема која бара внимателен пристап кој не смее да биде површен. Емоционалниот сегмент не може да биде одбегнат, предупредуваат психолозите.

Македонија е една од ретките земји која дозволува сурогат – мајчинство. Законот е донесен пред четири години, а универзитетските професори велат дека неоходно е да се дебатира на оваа, многу пати оценувана како контроверзна тема, со цел да се укаже на законските недостатоци, за кои треба да се понудат конкретни решенија.   



Сања Трајковска