Македонија

Бoшњаковски: со голем дел од соработниците се среќаваме низ ходниците

Огромната бројка на советници кои го советуваат премиерот Заев за различни теми според Владата се само на привремен работен однос, но не и вработени на Илинденска ББ.

16.05.2018 17:50:56
Огромната бројка на советници кои го советуваат премиерот Заев за различни теми според Владата се само на привремен работен однос, но не и вработени на Илинденска ББ. Денеска портпаролот Миле Бошњаковски збунето и не концизно по инсистирање на новинарите даде половичен одговор кои се работните обврски и што тие сработиле надворешните соработници кои се дирекно платени од џебот на граѓаните, а според обвинувањата во јавноста воопшто и не се појавувале на работа.

Владата на Заев располага со 54 советници, од кои според инфомациите од медиумите,  23 лица кои го советуваат премиерот Зоран Заев секој ден одат на работа во Владата и имаат свои канцеларии, додека останатите се надворешни соработници не доаѓаат на работа туку советуваат по потреба и се со договор од времен карактер, а се избрани лично од Заев.

Според изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ако како просек се земе нето-платата која ја имаше Заев договорено со командант Хоџа, кои веќе не е советник во Владата,кој за своето средно образование требаше да добива 600 евра месечно, тоа значи дека годишно граѓаните од својот џеб плаќаат вкупно за сите советници над 540.000 евра за плати и придонеси. Но тука не се вклучени тековните трошоци за советниците за патувања и користење на службени бенефиции кои што исто така директно паѓаат на грбот на граѓаните.

По скандалите со вработувањето на командант Хоџа и огромната “галама” за големата сума на пари кои се даваат за одреден број на лица да го советуваат Заев, од Владата вчера се обидоа да си го обелат образот, па обвинија дека минатата влада предводена од екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски имала над 90. На ваквите обвинувања реагираа од најголемата опозициска партија од каде соопштија дека само двасесетина лица биле ангажирани како надворешни советници во период од 10 години, а сите други биле ангажирани во рамките на државната администрација со назив советник како редовен вработен.