Македонија

Скандалозна наредба на Мерко - забрана за јадење и пиење на сите вработени во општината за време на рамазанските пости

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко им забрани на вработените во општинската администрација да јадат, пијат и пушат во канцелариите за време на рамазанските пости.

16.05.2018 17:56:39
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко им забрани на вработените во општинската администрација да јадат, пијат и пушат во канцелариите за време на рамазанските пости.

Двојчазичната наредна која била поставена на влезот во општината,а се однесува на сите  вработени, без оглед на која религија припаѓаат, Мерко во телефонски разговор за Алфа вели дека ја повлекол, бидејќи не се работело за наредна туку за известување. Вработените да не внесувале храна и пијалоци од почит кон тие што постат. 

На социјалните мрежи врие од негодување, oва наликува на наметнување на  шеријатски закони. 

- Тоа шеријатот уште еднаш ви велам да го почитувате и верата на другиот треба да се почитува. И јас не сакам сега да кажувам све што дозволувам и за другите ентитети кога бараат да се почитува нивната вера и ова не сакам да го правите.

За познавачите на приликите ова е скандалозна изјава, бидејќи кај нас не важат шеријатските закони бидејќи Македонија е секуларна држава иако постот е еден од 5-те столба на излмот, тој не е обрзувачки туку по желба. Згора на тоа општината е јавен, а не верски објект па да се наметнуваат вакви правола на однесување за време на рамазанските пости. Нашите соговорници укажуваат и  на уште еден момент кој Мерко го замнемарил,а ртоа дека има луѓе кои од здравствени причини мора да јадат повеќе пати во денот.дали тоа значи дека тие ќе треба да го напушаат работното место за да каснат нешто од нога?

Во изврстувањето збунува и дерлот кој се однесува и на забраната за пушење во канцелариите, што и со закон е забрането. Мерко вели дека тоа било погрешнои вметнато во известувањето, во просториите е забрането пушење, ама и јадење и пиење кафе. Во општинското бифе не се служело нити храна нити кафе или било каков друг пијалок.



 Росица Голабоска