Македонија

ВМРО ДПМНЕ:празни порции за пациентите во штипската болница

Вака изгледа оброкот кој го добиваат пациентите во штипската болница.

16.05.2018 17:55:13
 Вака изгледа оброкот кој го добиваат пациентите во штипската болница. Наместо топено сирење,корнфлекс и млеко пациентите во штипската болница добиваат по една лажица путер и мармалад. 250пациенти оваа храна ке ја добиваат дури пет пати во неделата,обвини денес штипскиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ. 

На денешната прес конференција тие истакнаа дека  фирмата која го доби тендерот во износ од 270.000евра најверојано не ги исполнува основните услови за производство, транспорт и пакување на храна.ДПМНЕ побара од актуелниот директор да одговори дали фирмата има воведено ХАСАП систем ако се земе во предвид местотот од каде потекнува храната, но и како е возможно ќерка фирма на градежна компанија да работи со храна.
    
Експресен одговор,но и покана за снимање на доставата на болничката храна пристигна од штипската болница. Денес на мени пациентите имат ориз и стек, оброк изготвен според нутриционистички стандарди, а што се однесува до мармаладот и путерот тоа беше само првиот ден  и повторно нема да се случи изјави директорот на штипската болница.
 
Фирмата која го доби тендерот официјално со дистрибуција на храна започна во понеделник, а дневно треба да приготвува околу 650 оброци.




Александра Ристевска