Спорт

Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид се борат за титулата во ЛЕ

Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид вечерва во Лион ќе се борат за трофејот во Лига Европа.

16.05.2018 14:59:57

Тимот од шпанската престолнина ќе се обиде по втор пат во историјата да триумфира во второто по ранг европско клупско натпреварување откако пехарот го освои во 2010 и 2013 година додека за Олимпик по двата порази во 1999 и 2004 има шанса за прв триумф и можност да стане првиот француски клуб кој славел во Лига Европа.

Првата ѕвезда на Олимпик, Димитри Пајет, кој поради повреда го пропушти неделниот дуел во домашното првенство против Генгамп нема да биде во стартната постава и тоа е најголемиот проблем за тренерот Руди Гарсија додека неговиот колега на спротивната страна Диего Симеоне на располагање ги има сите фудбалери откако левиот бек Фелипе Луис се рехабилитираше од повреда и е во конкуренција за место во првиот тим.

Мечот почнува во 20 часот и 45 минути, а правдата ќе ја дели холандскиот судија Бјорн Кујперс.