Спорт

Ракометарките на Вардар ќе добијат трофејот во домашното првенство

Ракометарките на Вардар денеска ќе го одиграат последниот натпревар во домашното првенство.

16.05.2018 14:58:08

Титулата веќе одамна е освоена, а по дуелот со Металург ќе се одржи официјалната промоција и доделувањето на трофејот. Мечот се игра во салата на СЦ Јане Сандански и почнува во 16 часот и 30 минути.

Последните два дуели во овој состав Вардар ќе ги одигра викендов во завршницата на Купот на Македонија.