Спорт

Претпоследно коло во ПМФЛ, дербито се игра на Железарница

Денеска се играат натпреварите од 35-тото претпоследно коло во домашниот фудбалски шампионат.

16.05.2018 14:56:25

Во центарот на вниманието е дербито на дното од табелата во кое Скопје ја пречекува Победа и во директен дуел решаваат за евентуален опстанок во првата лига.

Шампионот Шкендија во тетовското дерби се соочува со Ренова, Вардар ја пречекува Академија Пандев, Силекс во Охрид е домаќин на Работнички, а Пелистер игра против Шкупи. Сите натпревари почнуваат во 16 часот и 15 минути.