Македонија

Мицкоски најави масовен протест на 2 јуни

ВМРО-ДПМНЕ на 2-ри јуни излегува на голем сенароден протест. Извршниот и централниот комитет на партија донеле одлука да се започне битка и како што вели Мицковски конечно да биде поразена оваа ненародна влада која и се случува на Македонија.

16.05.2018 19:34:49
ВМРО-ДПМНЕ на 2-ри јуни излегува на голем сенароден протест. Извршниот и централниот комитет на партија синоќа донеле одлука да се започне битка и како што вели претседателот Христијан Мицковски конечно да биде поразена оваа ненародна влада која и се случува на Македонија. Мицковски повика на масовност, заедно со граѓаните да кажат не, на како што рече погубните политики  на актуелната власт.

Вчера на седницата на Извршниот Комитет и денеска на седницата на Централниот Комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми кои што живот значат за граѓаните во Република Македонија.

- Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе започне со организирање на еден огромен народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија. Ја користам оваа прилика да ги поканам сите оние добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев. Ги поканувам да ни се придружат да застанат рамо до рамо со нас, да тргнеме во офанзива, да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина, изјави првиот човек на опозицијата.

Мицковски синоќа му фрли ракавица на Заев за тет-а-тет средба, па откако премиерот неколку дена бара алиби како да ја одбегне истата, опозицискиот лидер го повика на телевизиско соочување на кое не само тој туку сите граѓани ќе чујат за што преговара македонската влада на средбите со грчките челници. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за вака сериозни прашања одговорни политичари, државници кои што и мислат добро на својата татковина, кога станува збор за едно вака сериозно прашање е логично да отворат фронт на консултација со што е можно поголем број на целни групи, а не да бегаат од соочување.

- Како човек како претседател на најголемата опозициона партија и најорганизираната политичка сила во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја искористам оваа прилика еве и да му одговорам на претседателот на владата на неговата покана на тет а тет средба. Истата можам да ја прифатам, но наместо во неговиот удобен кабинет да го повикам на телевизија да можеме да се соочиме на една тет а тет средба пред граѓаните на Република Македонија. Да дискутираме за ова прашање да може он да ги информира граѓаните Република Македонија, како преговара за што преговара. Но, и да дискутираме за сите оние фаули што ги прави на полето на економијата, на немањето реформи, во образованието, во здравството, да дискутираме за сите оние погрешни политики кои што се случуваат оваа измината една година.

Владиниот гласноговорник изјави дека Заев ја прифаќа поканата, ама за време и медиум допрва ќе се договарале.

Иако сега Заев прифати телевизиско соочување, сепак никој не добил покана за средба на лидерско ниво. Мицковски синоќа отфрли било каква информација дека во петок е можна лидерска средба. Според првиот човек на опозицијата неопходно е шефот на државата Ѓорѓе Иванов да биде вклучен во целиот процес на преговори, во кој тој може да даде и свој придонес. Одбивањето за лидерска средба е чин на голема неодговорност, покажување на пркос, на лажни основи, покажување на непочит кон Македонскиот народ, непочит на оние луѓе кои што ги гласале тие политичари, без разлика дали станува збор за ВМРО-ДПМНЕ или другите парламентарни партии, смета Мицковски. 

Ивана Соколовиќ Најдова