Балкан

Турција побара од израелскиот конзул во Истанбул да ја напушти државата извесно време

Турција побара денеска од генералниот конзул на Израел во Истанбул да ја напушти времено државата, ден откако ист чекор беше преземен од Израел кон турскиот генерален конзул во Ерусалим.

16.05.2018 10:38:43

Турција побара денеска од генералниот конзул на Израел во Истанбул да ја напушти времено државата, ден откако ист чекор беше преземен од Израел кон турскиот генерален конзул во Ерусалим.

Турското МНР побарало од израелскиот генерален конзул во Истанбул, Јоси Леви Сафри да ја напушти Турција „на извесно време“, јави Анадолија.

Министерството истото го побара вчера од израелскиот амбасадор во Анкара во момент на силни тензии меѓу двете држави по смртта на речиси 60 Палестинци убиени од израелска страна во Појасот Газа, кои протестираа против отворањето на американската Амбасада во Ерусалим.