Македонија

Протести против одлуката на БПЦ да не учествува на прославата на 1.000 години Охридска архиепископија

Интелектуалци, новинари, граѓани и потомци на македонски дејци утре ќе одржат протест пред Светиот синод на Бугарската православна црква во Софија

15.05.2018 19:58:23
Интелектуалци, новинари, граѓани и потомци на македонски дејци утре ќе одржат протест пред Светиот синод на Бугарската православна црква во Софија по одлуката претставници на БПЦ да не присуствуваат на прославата на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија во Охрид.

Организаторите велат дека се револтирани од одлуката на БПЦ која била донесена во отсуство на бугарскиот архиепископ Неофит. Велат дека таа е спротивна на сите досегашни одлуки на Светиот синод за тоа БПЦ да и помага на МПЦ-ОА. 

За ова беше формирана и специјална комисија во БПЦ, на чело со митрополитот Кипријан, кој беше во Македонија заедно со делегацијата на бугарскиот претседател Радев. Инаку, Митрополитот Кипријан на последната седница на Синодот на БПЦ гласал „за“ испраќање делегација на БПЦ на прославата на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија.
 

stram

Од: SLAVJAN

Време: 16.05.2018 09:37:10

Коментар: STRAM NEVIDEN I POSLE OGROMNATA GRESKA NA ,MPC,OA, SEGA POVTORNO NA KOLENA GO MOLAT ,BPC.DA PISUSTVUVA SO VAKVO ODNESUVANJE ,MPC, KE GI IZGUBI SITE SVOI VERNICI, STRAMOTA