Балкан

Косовската диjаспора во 2017 им пратила на семејствата 760 милиони евра

Средствата што во Косово ги праќа дијаспората и натаму претставуваат еден од главните извори за финансирање на косовските семејства, на кои им обезбедуваат стабилна социјална положба.

15.05.2018 18:55:24

Средствата што  во Косово ги праќа дијаспората и натаму претставуваат еден од главните извори за финансирање на косовските семејства, на кои им обезбедуваат стабилна социјална положба.

Според Централната банка на Косово, како што јави дописникот на МИА од Приштина, овие средства главно одат за финансирање на потрошувачката на семејствата, а многу малку се вложуваат во бизнис.

- Пратките пристигнати во Косово во текот на 2017 година забележаа вредност од 759,3 милиони евра, додека во 2016 изнесуваа 691 милион евра. Во првите три месеци од 2018 година пратени се 108,3 милиони евра, се вели во тримесечниот билтен на Банката.

Според каналите на испраќање, најголем дел од средствата доаѓаат преку агенциите за трансфер на пари, а потоа следат банките.