Спорт

Без Елмас на контролните дуели со Азербејџан

Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот на играчи за контролните натпревари со Азербејџан.

15.05.2018 17:46:05

Поради повреди во составот нема да бидат интернационалците Елиф Елмас и Димитар Митровски, а настапот од исти причини го откажаа Есми Личина и Емил Абаз.

"„Ни претстои селективен камп во Азербајџан, на 24. и на 27. мај. Личина, Абаз, Елмас и Митровски од Спортинг Лисабон откажаа поради повреди. Ова е списокот кој сега ќе ни биде на располагање. Ова е У-20 селекција како еден почеток за создавање на тим кој ќе има право на настап во следниот циклус квалификации заедно со генерацијата која досега играше во У-19. Мислам дека ќе бидеме конкурентни и во следните квалификации", изјави Милевски.

Контролните мечеви со Азербеџан нашата млада репрезентација ќе ги игра на 24 и 27 овој месец.

 

СПИСОК НА ИГРАЧИ:

 

ГОЛМАНИ:

Ристе Јанков (Работнички), Томас Божиновски (Пасош Фереира), Христијан Стевковски (Скопје)

 

ОДБРАНА:

Агрон Руфати (Локомотива Загреб), Нехар Садики (Работнички), Филип Трајановски (Гаис), Оливер Стојменовски (Борец), Тодор Тодоровски (Вардар), Михаил Манчевски (Брегалница), Ване Јованов (Брегалница), Филип Антовски (Вардар)

 

СРЕДЕН РЕД:

Давор Здравковски (АЕЛ), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Јани Атанасов (Академија Пандев), Миле Тодоров (Нови Град), Кристијан Трајчевски (Гафанха), Омар Имери (Шкупи)

 

НАПАД:

Милан Ристовски (Ријека), Кристијан Трапановски (Татран Прешов), Марко Феруковски (Офенбах), Дарко Чурлинов (Келн) и Стефан Богдановски (Спартак Трнава)