Македонија

Обвинителството го „спасува“ Заев, ПИ мерките во Поткуп отфрлени како доказ

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, се предомисли, на крајот од постапката за Поткуп, застапникот на обвинението, го преиначи делото, па на актуелниот премиер, Заев на товар му стави само барање поткуп.

15.05.2018 17:53:09
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, се предомисли, на крајот од постапката за Поткуп, застапникот на обвинението, го преиначи делото, па на актуелниот премиер, Заев на товар му стави само барање поткуп. 

 „Во текот на 2014 година во општина Струмица Зоран Заев во својство на градоначалник, во својата канцеларија директно од Иван Николов побарал подарок, пари, за себе и за друг за изградба на црква да изврши дејствие што морал да го изврши, да донесе одлуки за пет катастарски парцели во корист на сведокот Николов. Заев побарал едно евро за себе и едно евро за црквата, а Николов требало парите да ги предаде во менувачница чиј сопственик бил Вице Заев.“, рече во завршен збор обвинителката Валентина Бислимовска.

Таа од судот побара да му се изрече казна, а при одредувањето на видот и висината да се ценат сите олеснителни и отежителни околности.

Со преквалификација на делото, ПИ мерките што беа снимени во кабинетот на тогашниот струмички градоначалник нема да бидат доказ, бидејќи со новото кривично дело предвидената казна е од 1 до 5 години.  

Премиерот Заев пред судот рече дека неговото следење и употребата на ПИ-мерките се доказ дека институциите во Македонија од политички причини и на незаконски начин биле употребени за да го спречат да го објави проектот Вистината за Македонија. Пресудата за случајот Поткуп е закажана за в понеделник.





Катерина Гетева
 

Obvinitelstvoto go 'spasuva" Zaev, PI merkite vo Potkup otvrleni kako dokaz

Од: Htisto Neshkovski

Време: 16.05.2018 00:16:19

Коментар: Ako ne se osudi gos.Zoran Zaev za potkup,mu se dava pravo na ostanatite 123 gradonacalnici da baraat potkup i da bidat kros prsti gledani od sudot!?Blagodaram.