Македонија

СДСМ: Владата предводена од СДСМ за 11 месеци направи повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години

Владејачката партија пак смета дека владата предводена од СДСМ за 11 месеци направила повеќе отколку ВМРО ДПМНЕ за 11 години.

15.05.2018 17:40:15
Владејачката партија пак смета дека владата предводена од СДСМ за 11 месеци направила повеќе отколку ВМРО ДПМНЕ за 11 години. 

Со домаќинско и одговорно работење владата успева да ја стабилизира економијата и да ја врати довербата на граѓаните во институциите. 90.000 семејства директно ги почувствуваа придобивките од покачување на минималната плата, трошоците за живот се намалени преку укинувањето на радиодифузната такса и воведувањето на евтината тарифа на струјата. Успешните економски политики овозможија државата да добива најниски економски стапки во историјата, велат од СДСМ.