Сцена

Слика на Модиљани продадена на аукција за над 157 милиони долари

Делото на сликарот Амедео Модиљани, „Nu couche (sur le cote gauche)“ од 1917 година, беше продадено за 157,2 милиона долари на аукција во аукциската куќа Сотби’с во Њујорк.

15.05.2018 10:56:15

Делото на сликарот Амедео Модиљани, „Nu couche (sur le cote gauche)“ од 1917 година, беше продадено за 157,2 милиона долари на аукција во аукциската куќа Сотби’с во Њујорк.

Со ова, таа се најде на четвртото место на листата најскапо платени уметнички платна на јавно наддавање. И оценките претходно се движеа околу 150 милиони долари.

Сликата, на којашто е претставена провокативно разголена жена, некогаш била забранета во Париз, како непримерна. Во почетокот на 20. век Модиљани го шокираше светот со своите актови од жени во сите можни пози. 

„Nu couche (sur le cote gauche)“ е најголемата слика на платно на Италијанецот, којшто починал во 1920 година на 35-годишна возраст. Досегашен сопственик беше ирскиот милијардер Џон Мегниер.

Името на купувачот не е откриено.

На аукцијата беа понудени и 11 платна на Пикасо, како и дела на Клод Моне, Жоан Миро и Едвард Мунк.