Здравје

Не чувајте го мобилниот телефон во задниот џеб

Исто така не се препорачува ниту да го држите предолго на кожата, оти самата негова површина содржи бактерии кои може да предизвикаат акни и други кожни болести.

14.05.2018 11:20:40

Луѓето најчесто го чуваат мобилниот телефон во задниот џеб од панталоните, што е погрешно, зашто тие уреди и онака имаат екрани чувствителни на допир, но и на удари, па лесно може да се случи и нешто непланирано... На пример, да ви се скрши или да ви испадне и да го изгубите.

Исто така не се препорачува ниту да го држите предолго на кожата, оти самата негова површина содржи бактерии кои може да предизвикаат акни и други кожни болести.

Високите температури се штетни за електронските уреди. Не оставајте го телефонот во автомобилот или на плажа, изложен на сонце или некој друг извор на топлина. Слично и ако температурите се под нула - тогаш, пак, може да замрзне.

Не чувајте го телефонот ниту под перница. Покрај штетното зрачење, стручните лица тврдат дека и ненадејното и често светкање на екранот ноќе негативно влијае на лачењето мелатонин, како и на квалитетот на сонот.