Спорт

Суслина: Титула за крај на кариерата

Голманката на Вардар, Ина Суслина која во изминативе пет сезони им донесе многу радости на навивачите на Вардар, вечерва го игра последниот меч во "црвено црниот" дрес.

13.05.2018 12:01:07

"Искрено, како да знаев дека ќе стигнеме до победата, иако не сакам да го потценам Ростов Дон. Бевме многу мотивирани, затоа што ова ни се последни настапи заедно во дресот на Вардар. Одигравме борбено, мудро, и заслужено стигнавме до финалето. Јас утре ќе го играм последниот меч во кариерата, и тоа големо финале. Се надевам дека ќе ја освојам титулата со Вардар на моето збогување од ракометот", изјави Суслина.