Спорт

Вардар по шести пат против Ѓер

Македонскиот првак по втор пат едно по друго во финалето на завршниот турнир ќе се сретне со Ѓер.

13.05.2018 11:39:15

Македонскиот тим има негативен биланс  со Унгарките во пет дуели нашиот состав има една победа и од 24:18 во четврт-финалето во 2015 година кога по тој триумф во Скопје, Ѓер беше елиминиран од понатамошните настапи во елитното натпреварување.

Дуелот во Унгарија заврши без победник 27:27 и тоа е единствениот меч во кој ниту еден од двата тима не се радувал на успех.

Најубедливата победа против Вардар, Ѓер ја бележи во 2015 година кога во Скопје слави со 27:22, а на мечот пред своите навивачи забележа победа од 28:27.

Последниот дуел двата тима го имаа во минатогодишното финале на завршниот турнир кога победникот беше решен дури по продолженија од пет минути. Ѓер успеа да слави со 31:30 и по сите пехови кои Вардар ги имаше во соочувањата со Унгарките време е да се наплатат долговите и со нов триумф "црвено црните" да се искачат на самиот врв во женскиот европски клупски ракомет.