Спорт

Дибирова: Сега сме поискусни, одиме на победа

Ирина Дибирова втор пат по ред како тренер на Вардар обезбедува место во финалето на Фајнал фор и има нова шанса да се искачи на тронот.

13.05.2018 11:18:19

"Среќна сум што ќе играме во финалето, иако малку жалам што игравме токму против Ростов во полуфиналето. Играме повторно со Ѓер за титула. Ако се прави споредба, во однос на лани, сега сме многу поискусни. Она што треба да го смениме е да одиграме посигурно во одбраната и да имаме повеќе голови од брзи контри", истакна предводникот на "црвено црните".