Спорт

Лејно: На чекор до исполнување на заедничката желба

Ракометарките на Вардар се пласираа во финалето на завршниот турнир и ќе се обидат конечно да се искачат на тронот во европскиот женски клупски ракомет.

13.05.2018 11:12:40

Амандин Лејно беше една од најзаслужните за триумфот над Ростов Дон, а се очекува и денеска таа да биде еден од клучните играчи во финалето.

"Не е важно колку одбрани сум имала, најважно е тимот да победува и да се најде во големото финале. Горда сум на оваа екипа, сега ни претстои уште еден чекор за остварување на заедничката желба што ја имаме со години наназад. Јас сакам титули, сега да ја освојам со Вардар, па до година пак да славам со Ѓер. Очекувам финалето да биде убав натпревар, лани кога загубивме и беше тешко. Се надевам дека ќе победиме. Сакам да уживаме во натпреварот и ќе дадеме се од себе да ја освоиме Лигата на шампионите", изјави голманката на Вардар.