Сцена

Лагерфилд: Поради Меркел ќе се откажам од германското државјанство

Светски познатиот моден креатор Карл Лагерфилд, кој е роден во Хамбург, изјави дека планира да се откаже од германското државјанство бидејќи ја „мрази“ политиката на канцеларката Ангела Меркел.

12.05.2018 12:50:51

Светски познатиот моден креатор Карл Лагерфилд, кој е роден во Хамбург, изјави дека планира да се откаже од германското државјанство бидејќи ја „мрази“ политиката на канцеларката Ангела Меркел.

- Дали навистина беше неопходно да им се посака добредојде на еден милион мигранти во време кога Франција, која се претставува како земја на човековите права, прима само 30 илјади бегалци, наведува модниот креатор.

Тој нагласи дека ако набргу оваа политиката на Меркел не се смени ќе биде присилен да се откаже од германското државјанство. Според него ваквата мигрантска политика само ја зајакнува крајната десница.

- Ако ова вака продолжи ќе го направам тоа. Не сакам да бидам дел од овој неонацистички клуб. Јас не сакам нации, јас сум космополит, истакна Лагерфилд.

Модниот креатор од 1953 година живее во Париз.