Спорт

Шкупи убедлив против Пелистер

Во мечот од 26-тото коло фудбалерите на Шкупи забележаа убедлива победа во дуелот против Пелистер.

09.05.2018 21:50:29

Со овој триумф Шкупи дефинитивно успеа да избори опстанок во Првата лига додека единствена надеж за Пелистер останува дека во завршницата од шампионатот ќе се избори за осмото место кое води во баражот за останување во елитното друштво.

Шкупи поведе со голот на Ален Јашароски во 5-тата минута, Блаже Илијоски во 12-тата зголеми на 2:0, а во 18-тата Петар Љамчевски намали на 2:1.

До крајот на првиот дел Илијоски повторно се запиша во листата на стрелците за предност на домаќинот од 3:1. Илијоски стигна до хет-трик во 52-та минута кога Шкупи поведе со 4:1.

Ристе Маркоски во 66-тата прецизно изведе удар од 11 метри за намалување на водството на Шкупи на 4:2,а конечниот резултат го постави Буњамин Шабани на 15 минути пред крајот на мечот.