Спорт

Клубовите против идејата на ФИФА за две нови натпреварувања

Челниците на најквалитетните фудбалски лиги во Европа се спротивставија на идејата на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино наскоро да се воведат две нови натпреварувања.

04.05.2018 18:09:45

 Според планот на ФИФА се очекува старт на Светско клупско фудбалско првенство на кое ќе настапат 24 екипи и мини Мундијал на кој ќе учествуваат осумте најдобри национални тимови на планетава.

Светската фудбалска асоцијација предвидува двете нови натпреварувања да имаат вкупен буџет од 25 милијарди долари, сума со која ќе се покријат сите трошоци за период од 2021 до 2033 година.

 Од здружението европските професионални лиги порачаа дека со планот на ФИФА на учесниците на клупскиот Мундијал да им се поделат две милијарди долари само ќе се зголеми финансискиот јаз меѓу клубовите и дека тоа ќе го уништи фудбалот во помалите земји кои и во моментов се немоќни да им парираат на најбогатите.