Спорт

Франција со шанса за четврти претставник во Лигата на шампионите

Според правилото воведено од минатата година, победникот во Лига Европа следната сезона настапува во Лигата на шампионите.

04.05.2018 18:06:40

Доколку триумфира Атлетико Мадрид, кој според пласманот на табелата во Примера следната сезона сигурно е дел од елитното натпреварување во шампионската лига обезбедува третопласираниот тим на табелата во Франција, а четвртиот ќе биде дел од квалификациите.

 А доколку пехарот го освои Олимпик од Марсеј тогаш тој оди директно во Лигата на шампионите, а еден клуб во зависност од пласманот ќе игра во квалификациите.

Во францускиот шампионат на три кола пред крајот Пари Сен Жермен ја освои шампионската титула, Лион е втор со 72 бода, а трет со 71 е Монако. Марсеј во моментов е четврто со 70 бода.