Спорт

Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј во финалето од Лига Европа

Мадридски Атлетико и Олимпик Марсеј ќе играат во финалето од второто по ранг европско клупско натпреварување.

04.05.2018 18:02:42

Атлетико пред своите навивачи со голот на Диего Коста го обезбеди третиот настап во решавачкиот меч за титулата во Лига Европа и ќе се обиде по трет пат да триумфира.

 Олимпик Марсеј по продолженија од два пати по 15 минути е поразен од Салцбург со 2:1, но и тоа беше доволно за прво европско финале по пауза од 14 години.

Салцбург по 90 минути игра со погодокот на Амаду Хаидаре и автоголот на Боуна Сар имаше водство од 2:0 и ја анулираше предноста на противникот, но Роландо во 115-та успеа да ја затресе мрежата на противникот и да го постигне голот за пласман во финалето кое ќе се игра на 16 мај во Лион.