Спорт

Во дербито од ПМФЛ, Шкендија го пречекува Работнички

Во фудбалскиот шампионат на Македонија денеска се играат натпреварите од 32-то коло.

02.05.2018 13:09:38

Лидерот на табелата и новиот првак Шкендија пред своите навивачи го пречекува Работнички, Вардар на арената Филип Втори се соочува со Скопје, Академија Пандев е домаќин на Победа, Силекс му гостува на Шкупи додека Пелистер се среќава со Ренова. Сите натпревари почнуваат од 16 часот.