Спорт

31.коло во знакот на натпреварите за опстанок

Во домашниот фудбалски шампионат денеска од 16:00 часот ќе се одигра комплетното 31.коло.

29.04.2018 13:55:46
Скопје и Пелистер во меѓусебен дуел ќе играат за трите бода и надеж за достигнување на осмо пласираната Победа и со тоа избегнување на директно испаѓање во втората лига.

Победа пак ќе се обиде да му се спротивстави на шампионот Шкендија.

Работнички на средбата со Шкупи се надева на триумф и останување во трката за место во Лигата на Европа, додека Силекс кој се надева дека ќе одржи чекор пред тимот од Дебар маало за противник го има Вардар.

На дуелот од средината на табелата Ренова е домаќин на Академија Пандев.