Спорт

Редовни кола во ракометниот шампионат на Македонија

А викендов во домашниот ракометен шампионат на програмата се два натпревари од разигрувањето за титулата.

27.04.2018 16:29:26

Утре од 18 часот во салата во Автокоманда, Металург го пречекува Пелистер додека еден час подоцна стартува дуелот Охрид - Еурофарм Работник.

Мечот меѓу Пролет и Вардар ќе се одигра на втори мај. Два дена претходно Вардар му гостува на Пелистер во заостанатиот натпревар од третата рунда.

Кај дамите на програмата е 25-тото коло од Супер лигата. В сабота Вардар ја пречекува Деспина, Вардар Јуниор игра против Куманово, а Металург е домаќин на Овче Поле.

Колото се комплетира в недела со натпреварот Гевгелија - Пелистер.