Култура

„Јулие Цезар“ премиерно во Битолскиот народен театар

Задутре, Битолскиот народен театар премиерно ќе ја изведе пиесата „Јулие Цезар“ од најголемиот драматург во светската литература Вилијам Шекспир.

26.04.2018 18:12:52
    Задутре, Битолскиот народен театар премиерно ќе ја изведе пиесата „Јулие Цезар“ од најголемиот драматург во светската литература Вилијам Шекспир. Во оваа ансамбл претстава, играат четиринаесет актери и е првата премиера во годинешната репертоарска сезона на битолската театарска сцена. Режијата и сценската адаптација е на српскиот режисер Златко Паковиќ, а Јулие Цезар го игра актерката Соња Михајлова.

- Шекспир, нјаголемит драмски писател од сите писатели и од сите луѓе кои што воопшто пишувале на светот, се занимава со клучната тема, љубовта во политичкиот контекст. Ние тоа го раздвојуваме и денеска не можеме тоа да го сфатиме и сметаме дека тоа е лудост, едното со другото да ги доведуваме до заедничко прашање- рече на денешниот прес режисерот Златко Паковиќ.- Ги отвора основните прашања од типот, ако Шекспир во ``Хамлет`` беше – да се биде или не,овде прашањето е, да убиеш или не- рече актерката Соња Михајлова.

За наредните годинешни сценски предизвици, на денешниот прес беа најавени звучни режисерски имиња- Владимир Милчин со пиесата ``Змеј`` од Евгениј Шварц, Кокан Младеновиќ од Србија со проектот ``Ноева Македонија`` и Итаи Дорон од Израел со драмтуршко остварување на Ханок Левин.





Петар Стефановски