Македонија

Анѓушев ја продаде ЕДС на грчкото електростопанство за 4,8 милиони евра

Преговорите за името со грците одат тешко, но затоа бизнисот со нив оди лесно, барем за вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев кој својата компанија ЕДС и официјално ја продаде на грчкото Електростопанство што ќе му донесе 4,8 милиони евра.

25.04.2018 19:54:23
Преговорите за името со грците одат тешко, но затоа бизнисот со нив оди лесно, барем за вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев кој својата компанија ЕДС и официјално ја продаде на  грчкото Електростопанство што ќе му донесе 4,8 милиони евра. Продажбата на компанијата според Анѓушев е добар чекор за иднината на компанијата и на нејзините врботени. Транзицијата на сопственоста ќе трае дваесетина дена, а по финасиската трансакција согласно законите во земјава вели ќе си плател персонален данок и ќе го дополнел анкетниот лист. Анѓушев вели дека во Македонија никогаш повеќе не смеел да се меша приватниот бизнис и политиката.