Македонија

„Алкалоид“ потпиша меморандум за практиканство со студенти од Фармација

„Алкалоид“ потпиша меморандум за соработка за практиканство со Фармацевтскиот факултет и Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет.

25.04.2018 18:22:26
„Алкалоид“ потпиша меморандум за соработка за практиканство со Фармацевтскиот факултет и Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет. Во рамките на овој проект кој ќе почне во јуни, 15 студентите кои се на дипломски и додипломски студии ќе може да се стекнат со тримесечна пракса во компанијата. Целта на овој Меморандум за соработка за програмата за практиканство е да се поттикне развојот на креативноста кај студентите, нивното лично и професионално профилирање, како и подготвеноста за соочување со идни професионални предизвици, велат од „Алкалоид“ .