Македонија

Зaeв контра оптимизмот на Хан - не верува дека за две недели ќе се реши спорот за името

Не е можно да се најде решение за спорот со името за две недели. Наспорти оптимизмот кој се ширеше во последните месеци и изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оти Скопје и Атина можат да постигнат договор за името во наредните 15 дена

24.04.2018 19:40:16
 Не е можно да се најде решение за спорот со името за две недели. Наспорти оптимизмот кој се ширеше во последните месеци и изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оти Скопје и Атина можат да постигнат договор за името во наредните 15 дена - премиерот Заев денеска внимателно гази на теренот. И со максимални напори решението е невозможно да се постигне толку краток временски период, напори се правеле да се заврши до одлуката на Советот на Европа.

 - Комесарот Хан е голем пријател и дај боже да има некоја информација дека ќе завршиме за две недели, но не верувам во тоа јас тоа го посакувам, но верувам дека не е можно, затоа што утре имаме средба помеѓу двајцата министри за надворешни работи. Знам од прилика како ќе се разговара и до каде очекуваме да завршиме. Генерално тоа што јас го очекувам е да направиме максимални напори до одлуката на Советот на Европската унија, затоа што сигурни сме дека ако имаме решение дотогаш, покрај тоа што заслужуваме, ќе добиеме дефинитивни и најсилни гаранции оти ќе добиеме датум за преговори - рече Заев.

Неформална група наречена „Охрид“, ќе помогне во интегрирањето на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон кој е дел од групата дипломати, денеска изјави дека тие ќе претставувале само “тинк тенк” и извор на информации, без мешање во внатрешните работи на земјата и затскриена агенда. Во исто време побара храброст од Владата и порача дека Македонија и Македонците треба да донесат одлуки кои што можеби нема да бидат лесни и популарни но ќе бидат важни за идните генерации. 

 - Премиерот треба да дејствува како премиер на оваа земја и сигурен сум дека ќе го направи тоа имајки ги во предвид случувањата тука и имајки ја во предвид храброста која што треба да ја покаже. За среќа не сме во 2001 година- но народот на оваа земја треба да ги препознае храброста во решавањето на тековните прашања кои треба да бидат решени од Владата, од Парламентот на оваа земја. Се надевам дека тоа ќе го направат со истата храброст и посветеност, истото тоа што го направија во 2001 година за добробит на земјата - изјави Џорџ Робертсон поранешен генерален секретар на НАТО.

Робертсон се заблагодари на Заев и Цирас околу заложбите за решавање на спорот со името и додаде дека НАТО го вратил фокусот кон Балканот и ги отворил вратите за нови членки во Алијансата.

Во групата Охрид покрај Џорџ Робертсон се вклучени и поранешниот висок претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билд, како и дипломатите Кристофер Гајд, Ален Ле Роа, Роберт Гелбард, Волфганг Ишингер, Дајмонд Вилсон и Зоран Чичак.

Лепа Џундева

 

SAMO MAKEDONCITE-RESHAVAAT !

Од: ISTORICHAR-MAKEDONSKI

Време: 25.04.2018 06:01:44

Коментар: Shto sakaat neka reshavaat ovie dvata-ZAEF I CIRAS (Silegiski ) nema nishto da napraat..? MAKEDONCITE TREBAAT DA SI DONESAAT ODLUKATA ZA IMETOT I DVOJAZICHNOSTA..!! SAMO-STARA REPUBLIKA MAKEDONIJA=NISHTO DRUGO. STARA REPUBLIKA MAKEDONIJA STARA REPUBLIKA MAKEDONIJA--STARA REPUBLIKA MAKEDONIJA I STARA REPUBLIKA MAKEDONIJA !