Македонија

Макрон не зборува напразно, ЕУ-ОЦС предвиде: Македонија во ЕУ во 2035 година

Македонија и Албанија би можеле да влезат во ЕУ до 2035 година, прогнозира Европската опсерваоторија за криминал и безбедност (ЕУ-ОЦС). Според оваа организација со седиште во Лондон двата главни предуслови за влез во ЕУ, владеење на правото и пазарна

24.04.2018 17:52:31
 Македонија и Албанија би можеле да влезат во ЕУ до 2035 година, прогнозира Европската опсерваоторија за криминал и безбедност (ЕУ-ОЦС). Според оваа организација со седиште во Лондон двата главни предуслови за влез во ЕУ, владеење на правото и пазарна економија ќе бидат се потешки за исполнување, за сите земји кои претендираат да влезат во европското семејство. Во текстот кој примарно се однесува на Црна Гора се потенцира изјавата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер кој рече дека оваа мачелка балканска земја заедно со соседна Србија би станале членки на ЕУ во не така далечната 2025 година иако и тоа се разбира не е сигурно. 

- За останатите земји од западен Балкан прогнозата е многу подоцна. Приемот на Македонија и на Албанија би се случил до 2035 година додека за Босна и Херцеговина и Косово тој датум ќе биде дури и уште подалеку – се вели во анализата.

Се додава дека и покрај тоа што ЕК се обидува да го забрза процесот и сака стратешки да инвестира во европската иднина на регионот патот се уште е долг. Пред се поради корупцијата и организираниот криминал, непочитување на фундаменталните права и слобода на изразувањето. Кредибилен проспект за проширување бара постојани напори и неповратни реформи", се вели во извештајот на ЕУ-ОЦС во кој се цитира делот од извештајот на ЕК за земјите од регионот. Инаку и францускиот претседател Емануел Макрон пред само неколку дена порача дека земјите од западен Балкан треба да се држат понастрана од Русија и Турција но дека никако не би можеле да влезат во ЕУ пред тој блок подалбоко да се интегрира и темелно да се реформира.

Драган Милосављевиќ