Македонија

Скандал: „Децата бегалци“ од Егејскиот дел немаат став околу името, ќе се изјаснеле штом ќе имало конкретно решение

Децата бегалци од Егејскиот дел немаат став околу името, ќе се изјаснеле кога ќе имало конкретно решение, вели нивната координаторка. Го прекина и младиот автор кој го прашавме за став.

24.04.2018 17:51:19
Индикативно, но Здружението на Македонците од Егејска Македонија нема конкретен став околу најновите актуелни случувања за промена на државното име.  Координаторот на Децата и роднините на децата избркани од родните огништа вели дека не можеле да коментираат ништо, без претходно Владата да се изјаснела по ова прашање. 

Кога Алфа се обиде добие личен став од помладата генерација, токму координаторката на Здружението Евгенија Николовска на дел од промоторите на книгите јасно му забрани да дава било какви изјави околу ова горливо прашање.

Од друга страна, токму координаторката на Здружението, во нејзината изјава призна дека Владата и лично премиерот, ќе ги покриел сите трошоци и бил покровител на 70 годишнината на Егзодусот на децата бегалци од Егејска Македонија, што ќе се одржи во јули. 

Единствена која не отстапи од изјава беше авторката на книгата Партизанска љубов, Фана Мартиновска Буцковска, која си го кажа своето мислење околу промената на името. Рече дека тоа во никој случај не бил цивилизиран потег, и ако треба да се промени нечие име, тоа нека биде на Грција, а не на Македонија. 

Пред почетокот на промоцијата на книгите за децата бегалци од Егејска Македонија, Координаторката ја замоли и државната Агенција МИА - во никој случај да не ги објавува индивидуалните ставови на авторите, иако самите автори тоа не го забранија.

Борис Грујоски
 

Од: Egeec Trpe

Време: 26.04.2018 19:25:18

Коментар: Koja e ovaa da Kazva za Decata EGEJCITE Koja vsušnost ne e ni Egejka . KOJ GLASAL ZA NEA I KOJ JA STAVIL NEA ? ZORAN ZAEV ? SDSM ? KOJA E TAA DA KAZI DEKA NEMALE STAV EGEJCITE ? IMAAT STAV MAKEDONIJA , MAKEDONSKI , MAKEDONSKO Pod najhitno da bidi smeneta .

Од:

Време: 25.04.2018 16:26:59

Коментар: Taa ne gi pretstavuva site deca begalci od Egejskiit del na Makedonija. Ne e poznato ni koj ja izbral ni po kakov pat 80 % od lugeto so poteklo od Egejskiot del na Makedonija ne ni znaat koj e vo rakovodstvoto koj gi izbral i kako. Taka da nejzinata izjava po moe mislenje netreba da se zeme vo obzir. I bi postavil edno prasanje zasto oddelno se prasuvaat lugeto koi se po poteklo od Egejskiot del na Makedonija site nie sme Makedonci ovde sme se rodile ovde ziveeme i pridonesuvame vo nasata drzava, prasanjeto treba da bide staveno na referendum i da ne prasaat site gragjani sto mislime bidejki site pripagjame na Makedonija kakvi se ovie nepristojni prasanja kako da sme drug narod kako da sme nekakvo malcinstvo ili pak partija kakov stav treba da ima grupa na Makedonci koj se po poteklo od Egejskiot del na Makedonija zar ke go postavuvate prasanjeto po poteklo mozebi sledni ke bidat na koi ke im bide postaveno vakvoto nepristojno prasanje na lugeto koi se po poteklo od poloskiod kraj ili nekoj drug kraj od Makedonija. Ili govornickata ne se snasla najdobro se zbunila pa dala vakva izjava ili ne e za takva rabota.

ЧУДЕН НАРОД

Од: МИЛЕ

Време: 25.04.2018 01:57:45

Коментар: А ИМА ЛИ НАРОД/ЛУЃЕ КОИ ТАА ГИ ВОДИ? ШТО ЧЕКААТ, ШТО НЕ ИЗЛЕЗАТ ДА ЈА ИСТУРКААТ ОД ГОВОРНИЦА И ДА КАЖАТ ДЕКА ТАА НЕ ПРЕСТАВУВА НИКОГО, ТУКУ САМАТА СЕБЕСИ.