Балкан

Најмалку 39 повредени во земјотрес во Турција

Најмалку 39 лица се повредени во денешниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди турската југоисточна провинција Адијаман.

24.04.2018 11:32:20
 Најмалку 39 лица се повредени во денешниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди турската југоисточна провинција Адијаман.

Турската новинска агенција Анадолија јави дека при земјотресот оштетени се и неколку згради.

Поради земјотресот затворени се основните и средните училишта во провинцијата.

Повредените се хоспитализирани, но нивната состојба не е критична.

По првичниот потрес уследиле осум послаби земјотреси.