Спорт

Мареј ќе го „прескокне“ Ролан Гарос

Како што пренесуваат англиските медиуми Енди Мареј најверојатно нема да настапи на вториот грен слем во сезоната Ролан Гарос со цел да биде целосно подготвен за настапите на Вимблдон.

23.04.2018 18:31:04
Тенисерот од Велика Британија нема настап токму од минатогодишниот Вимблдон, по кој имаше сериозни проблеми со колкот кои беа решени со хируршки зафат во јануари.

И покрај тврдењата на медиумите од Англија, Мареј сепак и натаму не навестува кога одново би се вратил на тениските терени и покрај неговите инсистирања дека едвај чека повторно да настапи на професионален меч.