Економија

Пари за кредити има, каматите ќе останат исти

Народната Банка ја намали основната каматна стапка на историски најниско ниво, но банките побавно реагираат на нејзините сигнали.

20.04.2018 19:38:25
Народната Банка ја намали основната каматна стапка на историски најниско ниво, но банките побавно реагираат на нејзините сигнали. 

Банкарите велат дека се доволно ликвидни и имаат пари да ги кредитираат граѓаните и фирмите. Сепак каматите најверојатно нема да се намалуваат. Денеска се одржа и основачкото собрание на новоформираната Македонска банкарска асоцијација во која членуваат 15 банки и 2 штедилници.