Спорт

Четврт-финале во ракометниот Куп на Македонија

Денеска почнуваат натпреварите во Купот на Македонија во ракомет во машка и женска конкуренција.

20.04.2018 15:03:01

Денеска стартуваат натпреварите во четврт-финалните групи во ракометниот Куп на Македонија. Во салата Автокоманда, Тинекс Пролет се среќава со Вардар Неготино, а Металург за противник го има Вардар Јуниор.

Финалето на програмата е утре, а победникот обезбедува пласман на завршниот турнир.

Со натпреварот меѓу Овче Поле и Вардар се отвора четврт-финалната рунда во женскиот ракометен Куп.

Останатите три средби се играат викендов, Деспина е домаќин на Металург, Гевгелија го пречекува Пелистер додека Куманово се среќава со  Вардар Јуниор.