Балкан

Зери: Србите не се откажуваат ЗСО да биде со извршна власт

Лидерот на „Листа српска“, Горан Ракиќ, тврди дека Србија и Србите од северниот дел на Косово нема да прифатат ништо помалку од Заедница на српски општини со компентенции на извршна власт.

17.04.2018 13:13:30

Лидерот на „Листа српска“, Горан Ракиќ, тврди дека Србија и Србите од северниот дел на Косово нема да прифатат ништо помалку од  Заедница на српски општини со компентенции на извршна власт.

- Сега кога остануваат само неколку дена од најавата дека Србите еднострано ќе формираат Асоцијација на српски мнозински општини или "Заедница", како што тие ги нарекуваат, доколку евентуално Приштина до 20 април 2018 година не ја формираат ЗСО, постои ризик пола од рудниците на "Трепча", како и целосно хидросистемот "Ибар - Лепенец" да останат под директна контрола на Србија, пишува Зери.

Според истиот извор директорот на  Канцеларија за КиМ во српската влада, Марко Ѓуриќ, толкувајќи го Бриселскиот договор за формирање на ЗСО побарал таа да има извршни овластувања.

Тој, исто така, изјавил дека Србија нема да прифати асоцијација  која наликува на некоја невладина организација  или нешто слично, како што е Асоцијацијата на косовски општини.

- Ѓуриќ,кој не се двоуми да каже отворено дека ЗСО ќе има надлежност на република,  пред два дена рече дека одлуката на ЕУ да и даде на Приштина четири месеци за нејзино формирање нема да биде прифатено од Белград, наведува Зери.