Свет

Десeтици приведени при протести во Ереван

Претходно, портпаролот на ерменската полиција Асхот Ахаронјан изјави дека неколкумина демонстранти „се одведени во полициска станица“.

17.04.2018 11:51:45

Околу 30 демонстранти се приведени во еременскиот главен град Ереван, за време на протестите против поранешниот претседател Серж Сарксјан, соопшти лидерот на опозициската партија Граѓански договор, пратеникот Никол Пашинјан.

 - Според нашите информации, полицијата приведе околу 30 лица. Но, тоа ништо не менува. Ние продолжуваме со нашата тактика, продолжуваме со протести и блокираме улици, изјави денеска Пашинјан.

Претходно, портпаролот на ерменската полиција Асхот Ахаронјан изјави дека неколкумина демонстранти „се одведени во полициска станица“.

- Неколку луѓе беа однесени во полициската станица под сомнеж за извршување административни прекршоци, појасни Ахаронјан.

Демонстрантите се приведени затоа што го блокираа сообраќајот.

Ерменската опозиција го обвинува поранешниот претседател Сарксјан дека го сменил политичкиот систем на државата за да остане на власт, истакнувајќи дека го сменил Уставот во 2015 година. Со измените, премиерот ја презема извршната власт наместо претседателот.

Саркасјан беше на власт 10 години, од 2008 година, а владејачката Републиканска партија во саботата го номинираше за премиер, откако по истекот на неговиот претседателски мандат за шеф на државата е избрам сојузникот на Сарксјан, Армен Саркисијан.

Ерменскиот Парламент денеска околу пладне ќе треба да гласа за избор на Сарксјан за нов премиер. Други кандидати нема, а за да биде избран Сарксјан потребно е просто мнозинство.