Сцена

Ева Лонгорија доби своја ѕвезда на Патеката на славните

Ѕвездата од ТВ сапуницата „Очајни домаќинки“, Лонгорија е скоро пред породување со своето прво дете, со свршеникот Хозе Бастон.

17.04.2018 10:22:25

Актерката Ева Лонгорија доби ѕвездата на холивудската Патека на славните. Таа се појави на свеченоста во поодмината бременост, придружувана од нејзината пријателка, некогашна членка на поп-групата „Спајс Грлс“, Викторија Бекам.

Ѕвездата од ТВ сапуницата „Очајни домаќинки“, Лонгорија е скоро пред породување со своето прво дете, со свршеникот Хозе Бастон.

На свеченоста присуствуваа и Фелисити Хафман (уште една „очајна домаќинка“), потоа Рики Мартин, Мелани Грифит и многу други познати личности од шоу бизнисот.