Свет

Уапсени четири лица поради планирање напад врз Конзултатот на Турција

Холандското обвинителство денеска соопшти дека се уапсени четворица мажи под сомнение дека планирале напад врз Конзулатот на Турција во Ротердам.

16.04.2018 17:10:27

Холандското обвинителство денеска соопшти дека се уапсени четворица мажи под сомнение дека планирале напад врз Конзулатот на Турција во Ротердам.

Приведените се Холанѓани со мароканско потекло.

Доказ за нивната намера е стекнат врз основа на снимен разговор на едно лице уапсено минатата година.

Тројца од приведените во текот на неделата ќе се појават пред суд, додека четвртиот е уапсен во Белгија и ќе биде екстрадиран во Холандија.