Свет

Столтенберг: Воздушните удари ја намалуваат можноста од нови хемиски напади во Сирија

Воздушните удари во Сирија, што во саботата ги извршија САД, Велика Британија и Франција, ја намалуваат способноста на сириската Влада да изврши нови хемиски напади.

16.04.2018 16:24:48
Воздушните удари во Сирија, што во саботата ги извршија САД, Велика Британија и Франција, ја намалуваат способноста на сириската Влада да изврши нови хемиски напади. Ваква е оценката на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој  денеска престојува во посета на Турција на средби со претседателот Реџеп Тајип Ердоган, со шефот на дипломатијата Чавушоглу, и со министерот за одбрана Џаникли. Според Столтенберг нападите претставуваат „јасна порака“ за сирискиот претседател Башар ал-Асад и Иран. Официјална Москва соопшти  дека нема да се меша во работата на мисијата на Организацијата за забрана на хемиско оружје, чии иследници во Сирија треба да истражат дали имало напад со хемиско оружје.