Македонија

Таравари: Насилниците кои претепаа двајца професори наместо да одговараат, слободно се шетаат

Државата и законот, вели Таравари, треба да бидат исти за секого, што не било случај во овој инцидент, во кој напаѓачите наместо да одговараат за насилството , слободно се шетаат низ улиците, обвинува тој.

16.04.2018 17:49:41
Гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари бара надлежните инстутуции да го расчистат инцидентот кој се случи во дворот на Гимназијата, кога беа претепани двајца професори, од кои едниот со тешки повреди заврши на клиниките во Скопје. Државата и законот, вели Таравари, треба да бидат исти за секого, што не било случај во овој инцидент, во кој напаѓачите наместо да одговараат за насилството , слободно се шетаат низ улиците, обвинува тој.

Инцидентот се случи во петокот во дворот на Гимназијата,кога двајца професори беа нападнати од директорот на училиштето и уште едно лице.Од Алијанса за албанците обвинија дека тепачката била иницирана од ДУИ и од директорот кој е нивен кадар.Верзијата на ДУИ пак, е обратна,односно дека професорите биле тие кои го нападнале директорот. Инаку, актуелниот директор е вратен на функцијата неодамна, откако МО му ги одзеде ингеренциите на Таравари.Пред него на ова раководно место беше еден од повредените професори.



Милена Вучевска