Македонија

Во Битола хигиеничар истепал ученик

Во саботата во Битола, за време на настава во ОУ ``Коле Канински``, поради банална расправија со ученик од деветто одделение, хигиеничарот Ј.Т. физички го нападнал петнасетгодишното момче и започнал да го влече, удира и дави, нанесувајќи му повеќе

16.04.2018 17:36:01
Во саботата во Битола, за време на настава во ОУ ``Коле Канински``, поради банална расправија со ученик од деветто одделение, хигиеничарот Ј.Т. физички  го нападнал петнасетгодишното  момче и започнал да го влече, удира и дави, нанесувајќи му повеќе повреди. Настанот се случил пред другите ученици кои најпрвин ги радвоиле, а во вториот наврат  интервенирал и предметниот наставник, кој во меѓу време се појавил.  Веднаш потоа дошле и родителите на момчето и го однеле во Клиничката болница, каде се констатирани повеќе повреди.

- Во саботата во нашата установа примено е лицето А.С. родено 2003 година, примено е на Ургентното одделение и веднаш е проследено во Максилофацијална хирургија. Таму се утврдени огроботини и набиеници по лицето и вратот и истите се санирани- рече Сузана Коневска, портпарол на Клиничката болница во Битола.
Веднаш потоа, известена била и полицијата, а хигиеничарот кој во училиштето работи над дваесет години, е суспендиран.

- Го осудуваме овој чин кој беше во саботата на големиот одмор, а училиштето ги презеде сите мерки. Беше известена полицијата по кратко време, потоа државниот просветен инспекторат, а вработениот е суспендиран и свикана е дисциплинска комисија- рече Зоран Мирчески, в.д. директор на училиштето.

Од СВР Битола, денеска на хигиеничарот му е поднесена прекршочна  пријава, а родителите на момчето кои не сакаат јавност за да го поштедат својот син, денеска поради силна вознемиреност, наместо на училиште, го одведоа на психијатар. Круна на с`е беа три ученички, додуша надвор од училиште, веројатно инспирирани од медиумите, па  нападнале нивна соученичка.
- За жал, ова не е единствениот случај во образовниот процес во Битола. Неодамна, наводно, хигиеничар се заканувал на ученик во с. Кишава, а во гимназијата ``Таки Даскало`` три матурантки нападнале нивна соученичка и поради физичката пресметка, раководството на гимназијата велат дека ќе бидат отстранети од образовниот процес. 

Петар Стефановски