Спорт

Вардар ја одбрани титулата и го освои четвртиот рекорден трофеј во СЕХА

Ракометарите на Вардар повторно ја израдуваа домашната публика, откако ја освоија четвртата титула во СЕХА лигата, по триумфот од 26:24 во финалето против екипата на Загреб.

15.04.2018 22:50:39
 Интересeн натпревар,надигрување како и што доликува на едно финале од вакво квалитетно натпреврување. Првото полувреме пмина во израмнет ритам, иако домаќините имаа мини серија во почетниот дел, но Загреб веднаш се врати во игра. Сепак Вардар беше тој кој успеа со гол прендост од 14-13 да замине на одмор.  Во интезивен и израмнет ритам продолжи и вториот дел од мечот во Јане Сандански, но завршниот удар и најавата дека  во Скопје ќе остане уште едне важен ракметен пехар започна дури по 50.минута.
Тимот на Раул Гонзалес содобра колективна игра во завршните моменти усепа да ја обезбеди рекордната титула освоена со триумфот од 26:24. 

Најефикасни во победничкиот тим беаа Криштопанс и Циндриќ со по 5 гола.

За квалитетот на вардаровиот тим говорат и индивидуалните признанија кои вечерва беа доделни по крајот  на финалето. Дури четири ракометри на црвено црните се нојдоа во иделаниот тим, а Лука Циндриќ беше прогалсен за МВП.