Спорт

Рикардо со Ред Бул славеше на трката во Кина

Даниел Рикардо победи на трката за Големата награда на Кина. Возачот на Ред Бул му ја донесе првата победа на патеката Шангај на својот тим по 2010-та година.

15.04.2018 21:40:42
 Зад Рикардо, втор целта ја мина Валтери Бостас од Мерцедес, а третото место му припадна на Кими Раиконен во Ферари. 
Актуелниот  светски шампион Луис Хамилтон беше четврти, зад него заврши Макс Верстапен откако доби 10 секунди казна по сударот со Себастијан Фетел, з акој подоцна самиот призна дека е виновен. Шестото место му припадна на Нико Хулкенбер, седмото на Фернандо Алонсо, а осми беше Фетел. Бодови денеска во Кина освоија уште и Карлос Сајнц и Кевин Магнусен.
Фетел остана лидер во генералниот пласман со 54 бода, зад него е Хамилтон кој има два помалку,  додека Ботас е на третата позиција со 40 бодови. 
Следната трка е на 29 април кога ќе се вози за ГН на Азербејџан.