Спорт

Голден Стејт моќно на стартот од НБА разигрувањето

Се одиграа првите четири дуели од НБА плеј-офот, на кои најубедлива партија одигра бранителот на титулата екипата на Голден Стејт Вориорс.

15.04.2018 21:35:17
Aктуелниот шампион Голден Стејт стартуваше со убелдива победа во разигрувањето од НБА лигата, откако со 113:92 го доби дуелот со Сан Антонио. Најефикасен кај Вориорс беше Клеј Томпсон со 27 поени.
 
Во интересениот дуел кој ноќеска се одигра во Торното каде екипите најизменично се менуваа со резултатската предност, Репоротс го победија тимот на Вашингтон со 114:106.
 
На премиерната четвртфинална пресметка на Западот изминатата ноќ Њу Орлеанс во неизвесна завршница  славеше над Портланд со 97:95.Пеликанс добро го стартуваа мечот, но Блејзерс во последната четвртина ја стопија предноста на противникот и недостасуваше само малку среќа конечниот резултат да биде во нивна корист. 

Филафелфија превдодена од Џеј Џеј Редик поведе со 1-0 против Мајами, откако ноќеска пред својата публика триумфираше со 130:103.

Првите четврфинални пресметки од НБА плеј-офот ќе бидат комплетирани вечерва за кога се закажани нови четири средби на кои Бостон ќе игра со Милвоки, Кливленд со Индијана, Оклахома е домаќин на Јута, а Хјустон на Минесота.