Црна хроника

Тешка несреќа вечерва во Ѓорче, прегазено уште едно дете

Тежок инцидент се случи пред малку во скопско Ѓорче Петров, каде прегазено е 10 годишно дете.

15.04.2018 20:32:27
10 годишно дете настрада во сообраќајна несреќа на улицата Борис Сарафов спроти основното училиште Мирче Ацев во Ѓорче Петров.  Сообраќајка се случила вечерва во 19:13. Според првичните информации од МВР во детето удрило возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Детето е веднаш пренесено во Ургентниот центар, но се уште не се знае видот на повредите и неговата состојба. 

Во знак на револт граѓаните ја блокираа улицата. Ова не е прв случај на ова место да има настрадано дете. Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица. Родителите на учениците од ООУ„ Мирче Ацев“ како и околните жители, подолг период апелираат за поставување на светлосна сигнализација, бидејќи претходно беа полесно повредени уште неколку деца во сообраќајни несреќи на истата улица.