Економија

Ветуваше поголеми плати и пензии, Заев сега вели нема да има нивно зголемување

Нема да има вонредно зголемување на пензиите, а се укинуваат и програмите за скијање и туристички викенд.

15.04.2018 18:04:54
Нема да има вонредно зголемување на пензиите, а се укинуваат и програмите за скијање и туристички викенд. Премиерот Заев во интервју за ТВ 24 вели дека освен редовното усогласување со трошоците на живот, нема да има дополнително зголемување на пензиите.

Пред изборите, тој ветуваше дека ќе се бори за повисок стандард за пензионерите, а во Планот за животна се ветува дека покрај годишното законско усогласување на пензиите ќе има и вонредно зголемување на пензиите секоја година. Инаку од 2006 до 2016 година пензиите се зголемија за 70 %, а најниската пензија и за над 90%.
Освен во здравството и во одбраната, Заев напомена дека нема да растат ниту платите во администрацијата, бидејќи таму се лоцирани слабости. Во програмата План за живот се ветуваше зголемување на примањата на овие категории работници.